Несторовски му ги замрси сметките на Наполи

Илија Несторовски со својот осми погодок во Серија А сезонава му помогна на Палермо да остане непоразен на гостувањето против Наполи. Сицилијанците излегоа на жешкиот терен во Неапол со улога на тотални аутсајдери, но Несторовски по само шест минути игра го совлада Реина и најави сензација на овој меч.

Палермо го мина остатокот од натпреварот бранејќи се со целосен бункер, но Наполи успеа да израмни по катастрофалната интервенција на голманот Посавец, кому топката по ударот на Мертенс му мина низ рацете и заврши во мрежата. Посавец потоа се извади за грешките бранејќи неколку стопроцентни шанси за „наполитанците“ во последните петнаесет минути, од кои најубавата ја промаши Инсиње, кој од пет метри биеше крај дирекот.

Ilija Nestorovski Goal HD – Napoli 0-1 Palermo… by doni_h15

Dries Mertens AMAZİNG GOAL HD – Napoli 1-1… by jason-pitt1

Се вчитува...