Несторовски од клупа ја следеше мизеријата на Сасуоло и Удинезе

Сасуоло и Удинезе одиграа без голови 0-0 во премиерниот натпревар од седмото коло во италијанската Серија А. Меч во кој не заслужи ниту еден од противниците да стигне до победата. Вкупно на мечот имаше три удари, од кои само еден во рамките на голот и тоа сите во корист на домаќинот.

Удинезе уште еднаш покажа дека има големи проблеми во создавањето на шанси, а нашиот напаѓач повторно не доби шанса. Сасуоло и покрај лошиот меч останува најпријатно изненадување сезонава бидејќи се наоѓа на 2. место во Серија А со 15 бода, додека Удинезе е претпоследен и ќе има големи проблеми да обезбеди опстанок.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...