Илија Несторовски повторно блесна во дресот на Славен Белупо, спречувајќи пораз на својот тим на гостувањето против Рудеш.
Македонскиот ветеран и на 36-годишна возраст се уште е напаст за противничките дефанзивци, го покажа тоа Несторовски и на вечерашниот дуел на кој влезе на стартот од вториот дел, па со два гола донесе целосен пресврт и водство на Славен од 1-2.
Одличното издание на Македонецот сепак беше недоволно за гостите да стигнат до цел плеј, бидејќи Рудеш со пенал во судиското продолжение стигна до израмнување и конечните 2-2.
Двата гола на Несторовски на денешниот дуел можете да ги погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
