Несторовски стартер, Удинезе загуби од Сампдорија

Илија Несторовски беше стартер во тимот на Удинезе на денешниот дуел со Сампдорија, на кој „фриулијаните“ загубија со 1-3 од гостинот од Џенова. Македонскиот репрезентативец беше на теренот се до 52. минута, кога резултатот гласеше (1-1) и беше заменет со Окака. Удинезе прв поведе преку Ласања, гостите израмнија со голот на Квалјарела, а клучниот погодок за Сампдорија во 84. минута го постигна Бонацоли. ВАР му поништи израмнувачки гол за домаќинот во завршницата, пред Сампдорија да стави печат на победата со голот на Габиадини во судиското продолжение.

Фиорентина се спаси од нов пораз на домашен терен, ремизирајќи 1-1 против Верона со голот што во 96. минута го постигна Кутроне. Најинтересно беше во Парма, каде домаќините до 93. минута губеа со 0-2 од Болоња, но со два гола во судиското продолжение преку Куртиќ и Инглезе стигнаа до реми (2-2).

Калјари и Лече ремизираа 0-0, по што гостите сега имаат само еден бод помалку од Џенова во трката за опстанок во елитното друштво.

Се вчитува...