Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Илијан Несторовски и неговиот Славен Белупо славеа на домашен терен против Горица со 2-0 во натпревар од 4. коло од новата сезона во хрватскиот шампионат.
Натпреварот почна со тоа што нашиот фудбалер уште во 4. минута доби жолт картон. Во 18. минута Митровиќ стрелаше за водство од 1-0 на својот тим, а само три минути подоцна на сцена стапи Несторовски кој со својот втор гол сезонава зголеми на 2-0.
Несторовски во вториот дел заработи повреда поради која мораше да биде заменет во 67. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
