Несторовски: Убаво е чувството што пак постигнав погодок, да продолжиме со исто темпо…

Македонскиот репрезентативец напаѓач, Илија Несторовски имаше брилијантна партија синоќа и постигна погодок, овозможувајќи му на својот Палермо да остане непоразен на тешкото гостување во Наполи. Несторовски е задоволен од својот настап и верува дека неговата екипа ќе продолжи со добри резултати и во наредниот период…

„Среќен сум што повторно постигнав погодок, но најважно е што направивме добар резултат против Наполи. Не му дадовме простор на нашиот противник за игра и секоја чест за целата екипа. Најважно е да продолжиме со исто темпо и да не се откажиме до самиот финиш“ – истакна Несторовски за италијанските медиуми.

После 22 одиграни натпревари, тимот од Сицилија се наоѓа на 19-то место на табелата во Серија А со 11 бода, а во наредното коло, тимот ќе има идеална шанса да направи чекор напред, затоа што на домашен терен го пречекува Кротоне, кој е едно место погоре.

Се вчитува...