Несторовски во јануари се сели во Специја!?

Членот на италијанската Серија А, Специја е сериозно заинтересирана за ангажман на македонскиот репрезентативец Илија Несторовски, информра „Ил Месаџеро Венето“.

Како што пренесуваат Италијанците, Специја веќе реализирала првични контакти со Удинезе за трансфер на македонскиот напаѓач. Голема е веројатноста Несторовски во зимскиот преоден рок да го напушти Удинезе, но да остане во Серија А, ако се суди заинтересираноста на Специја.

На ангажман на Несторовски инсистира актуелниот тренер на Специја, Лука Готи, кој беше негов тренер претходно во Удинезе.

Илија Несторовски, по пауза од 20 месеци, повторно се врати во репрезентативниот дрес. Сезонава не добива минутажа во редовите на Удинезе каде пристигна летото 2019 година по банкротот на Палермо.

Се вчитува...