Неверен фудбалер доби одмазда од сопругата – Избркајте го од репрезентација!

Сопругата на кинескиот фудбалски репрезентативец Џианг Џипенг, бара од Кинеската фудбалска федерација нејзиниот сопруг да го исфрлат од репрезентацијата. Не е во прашање неговиот кикс за последниот пораз на Кина од Јапонија (0-1), туку неговото неверство.

Зипенг беше главниот виновник за поразот на Кина во квалификацискиот натпревар против Јапонија бидејќи, речиси му асистираше на противничкиот фудбалер Тареми за единствениот погодок на натпреварот. Но, неговите проблеми продолжија и надвор од теренот.

По натпреварот се јави неговата сопруга која побара од Кинеската фудбалска федерација, но и од клубот да му дадат отказ на нејзиниот сопруг. Изневерената сопруга испрати писмо и до претседателот на Федерацијата и јавно си ја кажа маката што ја има со Џианг Џипенг.

„Го поддржував кога немаше ништо, кога беше сиромашен, а мајка ми го чуваше како свој син. Моето семејство му помогна да купи куќа во Шангај кога му требаше. Не ја прославивме венчавката и нашата врска никогаш не беше изложена во јавност. Но, речизи три и пол години, од четирите години на нашиот брак тој спиел со друга жена, а сега се обидува да ме испрати предвреме во гроб и покрај тоа што сме заедно десет години“ – јавно се пожали Џанг Џие.

Сопругата на кинескиот репрезентативец во своето писмо приложува и докази – неколку пораки што ги разменувале нејзиниот неверен сопруг и неговата љубовница Ксиао Бинг и ги повика репрезентацијата и клубот да го исфрлат неверниот Џипенг од составот.

jiang-zhipeng_1

„Почитуван Каи Џенхуа, претседател на Кинеската фудбалска федерација, ве преколнувам да го исфрлите Џианг Џипенг од репрезентацијата – напишала повредената сопруга, а потоа истата молба ја упатила и до претседателот на Ганкџуа со верба дека „правдата ќе биде задоволена“.

За целиот случај на крај се огласи и Џианг  Џипенг.

„Овој настан сериозно му наштети на мојот живот и на мојата професионална кариера. И згора на тоа, моите приватни проблеми и наштетија на репрезентацијата и на клубот во кој играм. Сакам на сите искрено да им се извинам. Многу ми е жал“ – рече засрамениот кинески фудбалер.

Се вчитува...