Неверојатен меч на „грчката ѕверка“ за триумф на Милвоки (ВИДЕО)

Милвоки славеше вечерва на гостински терен против Шарлот со 85-93 во НБА лигата, благодарение на феноменалната ноќ на „грчката ѕверка“, Јанис Адетокуомбо.

Милвоки водеше во поголемиот дел од натпреварот, но на крајот и се мачеше за да дојде до победата. Во неизвесна завршница, Гркот врз шест едноподруго поени за 52-та победа на Милвоки сезонава.

Јанис во триумфот на својот тим запиша 40 поени, 20 скока и шест асистенции, запишувајќи се на тој начин како прв кошаркар на Милвоки со таков ефект од 1974 година и учинокот на Карим Абдул-Џабар.

Кај поразениот состав Девонте Греам постигна 17 поени.

 

Се вчитува...