Неверојатен меч во Портланд: Денвер загуби по дури четири продолженија (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер загубија на гостувањето од Портланд во третиот натпревар од полуфиналето во плеј-оф серијата на Западот. Во еден од најинтересните натпревари во поновата историја на НБА, Портланд славеше со 140-137 дури по четири продолженија. Ова беше прв плеј-оф меч од четири продолженија од 1953 година.

Во поголемиот дел од натпревар Портланд го контролираше резултатот, но одличниот Никола Јокиќ, посебно во третата четвртина, едноставно беше непогрешлив за Денвер носејќи го својот тим до продолжение.

А, потоа од продолжение до продолжение на крајот Портланд ги доби со вкупни 38-35 за конечна победа. Јокиќ на пет секунди пред крајот имаше можност да донесе ново продолжение, но успеа да погоди само едно слободно фрлање а потоа домашните ја потврдија победата.

Најефикасен во победничката екипа беше МекКалум со 41 поен, додека Лилард постигна 28 поени. Кај Денвер најефикасен беше Џамал Мареј со 34 поени, а Никола Јокиќ мечот го заврши со „трипл-дабл“ од 33 поени, 18 скока и 14 асистенции.

Се вчитува...