Неверојатен момент од синоќешните квалификации: Шкотска со ГОЛ ОД ПОЛОВИНА ТЕРЕН запечати СП! (ВИДЕО)

Шкотска со 4-2 успеа да ја победи Данска во директниот натпревар за учество на Мундијалот идната година. На Шкотланѓаните им беше потребна победа за првото место во групата, и до него дојдоа благодарение на двата гола во судиското надополнување.

Еден од нив беше неверојатен гол, односно оној четвртиот за Шкотска.

Кени Меклин успеа од половина терен да погоди и така да донесе 4-2, што беше ставање „печат“ на победата и на учество на Светското првенство 2026 година.

Голот на Меклин погледнете го на следниот ЛИНК. 

Претходно во 3.минута Скот Мектоминеј постигна гол со ножички.

Се вчитува...