НЕВЕРОЈАТЕН „ПОТОП“: Шкендија на полувреме губи од ЦСКА Софија со 6-1!??

Тетовска Шкендија го игра последниот пријателски натпревар, генералниот тест, пред стартот на пролетниот дел од сезоната против ЦСКА во Софија. Но, апсолутно неверојатно тетовци на полувремето од средбата губат со 6-1.

На дуелот на кој премногу рано останаа со играч помалку, по исклучувањето на Бесмир Бојку уште во 5. минута поради удар без топка на противнички фудбалер, Шкендија прва поведе со голот на Ибраими во 16. минута.

Но, се потоа е „потоп“ за црвено-црните. За само 15 минути примија дури шест гола. Најпрво Рафаел Перес израмни во 25. минута, потоа Дулгеров во 27. минута зголеми на 2-1. Каранга стрелаше во 33. минута, Руи Педро во 37. минута и Рубен Пинто во 38. минута, а Педро во 40. минута со својот втор гол заокружи на 6-1 на полувремето.

Се вчитува...