Неверојатен пресврт на Интер, Рома и Сасуоло до рутински победи (ВИДЕО)

Ромелу Лукаку му донесе победа на Интер во мечот против Торино од 8. коло во италијанската Серија А. „Нероаѕурите“ беа во негатива од 0-2, откако стрелци за головите беа Заза и Ансалди. Сепак, Прво Алексис Санчез во 64. минута намали на 1-2, а потоа со двата гола на Лукаку во 67. и 84. Интер стигна до целосен пресврт од 2-3. До крајот Лаутаро Мартинез само ја потврди победата во 90. минута.

Рома без поголеми проблеми ја совлада Парма со 3-0. Мечот беше решен уште во првото полувреме со еден гол на Мајорал и два на Мхитаријан.

Сасуоло славеше со 0-2 на гостувањето кај Верона и изби на врвот на табелата во италијанската Серија А. Стрелци на головите за Сасуоло беа Бога и Берарди.

РЕЗУЛТАТИ СЕРИЈА А 8. КОЛО:

Рома – Парма 3-0

Интер – Торино 4-2

Сампдорија – Болоња 1-2

Верона – Сасуоло 0-2

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...