Росарио Централ во саботата ја прослави титулата шампион на Аргентина која не ја освои. По победата од 2-0 над Естудијантес од Рио Куарта, навивачите истрчаа на теренот на Гиганте де Ароита и славеа со играчите, а потоа од Буенос Аирес стигна веста: Бока Јуниорс постигна гол во 95. минута и ја освои титулата.
За шампионската титула во Аргентина, на Росарио му беше потребна победа, но и Бока да киксне и не дојде до победа. Натпреварот во Росарио заврши неколку минути порано, додека Бока сè уште играше без голови против Дефенса на Бомбонера.
Навивачите на Росарио сметаа дека мечот на Бока е завршен без голови и веќе на теренот ја славеа титулата.
ARJANTİN FUTBOLUNDA İNANILMAZ ANLAR!
▪️ Rosario Central taraftarları şampiyon olduklarını sanarak sahaya girip kutlamalara başladı.
▪️ Ancak Enner Valencia, 90+6’da gol atarak Boca Juniors’a şampiyonluğu getirdi.https://t.co/i7fvlf1gQY
— Spor Depor (@spordepormedya) November 7, 2026
Свирежи наместо песни
Прославата не траеше долго. Енер Валенсија постигна гол во 95. минута за победа на Бока од 1-0, а од трибините на Гиганте де Ароита почнаа да се слушаат свирежи наместо песни. Камерите фатија навивач облечен во маица „Кампонес“ како плаче, несвесен за тоа што се случило на „Бомбонер“.
O Rosario Central venceu por 2-0 o E. Rio Cuarto e seria campeão mas …
Enner Valencia marcou aos 90+6′ e o Boca Juniors é campeão argentino 🤯 https://t.co/n4mXrAxXRW
— A Braçadeira (@abracadeirapt) November 7, 2026
Кога беше потврден конечниот резултат, камерите ги фатија разочараните Анхел Ди Марија и Хуан Круз Комар.
Бока ја освои 75-тата титула во историјата на клубот со гол на еквадорскиот напаѓач. Валенсија стана херој на „Бомбонера“, а Росарио Централ, од приказната за одбрана на титулата, остана со една од најнеобичните „прослави“ во историјата на фудбалот…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
