Неверојатен учинок на „Супер Глоуб“: Играч на Магдебург постигна 26 гола

Саудиска Арабија е домаќин на ракометниот турнир „Супер Глоуб“ кој ги собира најдобрите европски и азиски клубови.

Во првиот меч во групата Ц, Магдебург убедливо го совлада тимот на Универзити од Квинсленд со 57-14. Германската екипа влезе силно уште на стартот од мечот, а натпревар на кариерата одигра шведскиот ракометар Даниел Петерсон, кој ќе игра и на престојното Европско првенство на кое учествува и Македонија.

Петерсон постигна неверојатни 26 голови во тој натпревар, или речиси половина од сите голови. Таква статистика ретко се гледа на ракометните терени. Сепак, и противникот беше преслаб да го сопре Швеѓанецот.

Оваа бројка воедно преставува и рекорд на „Супер Глоуб“ турнирот.

Се вчитува...