Неверојатна одбрана: Трап од половина метар спречи славје на Левандовски (ВИДЕО)

Ајтрахт Франкфут ја прекина неверојатната низа од 30 натпревари без пораз на Баерн Минхен на „Алијнз Арената“ со триумф од 2-1 во домот на баварците. Победата за гостите ја донесе Србинот Костиќ кој аситираше при првиот гол, а потоа го постигна и вториот, меѓутоа на врвот на својата задача на голот беше и Кевин Трап.

Германскиот чувар на мрежата бранеше неверојатно и забележа 10 одбрани во мечот, а една од нив која долго ќе се памети е онаа од 55. минута кога Левандовски од пола метар со глава упати удар кон противничкиот гол, а Трап фантастично реагираше и спречи водство на домаќините.

Се вчитува...