Неверојатна серија на Денвер од 24-0 за триумф, Голден стејт тоне… а Далас не може без Лука Дончиќ

Денвер славеше против Орландо со 113-104 во еден од најинтересните синоќешни натпревари од НБА лигата.

Домашните до триумфот стигнаа благодарение само на неверојатната серија од 24-0, и покрај тоа што Орландо во третата четвртина имаше предност и од 19 поени разлика, 50-69. Но, по феноменалната серија домашните стигнаа во последниот период од играта до триумфот.

Џамал Мареј го предводеше Денвер со 33 поени, Никола Јокиќ запиша 18 поени, 12 скока и 9 асистенции, додека на спротивната страна Никола Вучевиќ постигна 20 поени.

Голден стејт продолжува да донесе се подлабоко. Нов пораз, сега од Портланд од 122-112. Демијан Лилард запиша 31 поен, МекКалум дополни со 30 поени во победата на домашните, а Робинсон на спротивната страна постигна 17 поени.

Кливленд славеше против Шарлот со 100-98, а Далас без Лука Дончиќ загуби од Бостон со 103-109. Торонто на гостински терен триумфираше против Детроит со 99-112, Мајами ја победи Филаделфија со 104-108 а Вашингтон по продолжение го победи Чикаго. Во последните два натпревари, Њу Орлеанс на гостински терен триумфираше против Минесота со 99-107 а Оклахома на домашен терен го совлада Мемфис со 126-122.

Се вчитува...