Неверојатна животна приказна – На 14 години побегна од Гамбија, на 18 го „реши“ Интер

Екипата на Болоња вчера го изненади Интер на гостински терен со 1-2. Првиот погодок беше дело на Муса Џувара, фудбалер чија животна приказна е неверојатна. Имено тој во 2016 година со само 14 години, со брод од Гамбија како бегалец стигна во Италија. Фудбалерот почнал да тренира во локалниот клуб Потенца, а потоа преку Виртус и Киево Верона стигна до Болоња.

За својот моментален клуб дебитираше против Удинезе пред неколку месеци во Копа Италија. Лигашкото деби го имаше против Рома, а вчера го постигна и првиот гол. По само девет минути поминати на теренот, Џувара го постигна првиот гол во сениорска конкуренција против Интер и тоа на „Сан Сиро.

 

Се вчитува...