Неверојатната партија на Харден не беше доволна за триумф на Хјустон (ВИДЕО)

Кошаркарките на Хјустон Рокетс го доживеја третиот пораз во низа и покрај одличната партија на Џејмс Харден. Рокетс овој пат загубија на гостински терен од Шарлот Хорнетс со 99-108. Во недостиг на Расел Весбрук на Џејмс Харден не му беше доволен ниту трипл-дабл учинокот во кој забележа 30 поени, 14 асистенции и 10 скока. Кај Шарлот најдобар беше Тери Розиер со 24 поени и 6 асистенции, додека Греам мечот го заврши со 23 поени.


Голден Стејт Вориорс и без Стеф Кари кој поради болест мораше да го пропушти натпреварот, успеаја да ја победат Филаделфија со 118-114. Прво име во победничкиот табор беше Демион Ли кој уфрли 24 поени, додека Ерик Паскал мечот го заврши со поен помалку. Кај 76 кои веќе подолго време се без Џоел Ембид и Бен Симонс Тобајас Харис постигна 24 поени, додека Ал Хорфорд мечот го заврши со 22.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда, Детроит – Јута 105-111, Кливленд – Денвер 104-102, Мемфис – Атланта 118-101 и Портланд – Сакраменто 111-123.

Се вчитува...