Неверојатната Шифрин златна во велеслалом на СП во алпско скијање

Најдобрата скјачка на денешницата Микаела Шифрин стигна до нов златен медал на Светските првенства во алпско скијање, откако денеска славеше на велеслаломската трка во францускиот Куршевел и Мерибел, што е прво нејзино најсјајно одличје во оваа дисциплина.

Американката до златниот медал стигна со вкупно време од 2:07.13 минути што беше за двананесет стоти делови од секундата подобро од второпласираната Италијанка, Федерика Брињоне. Бронзениот медал и припадна на Норвежанката, Рагнил Мовинкел која доцнеше 22 стотинки зад времето на златната Шифрин.

Утре на програмата на Светското првенство во алпско скијање е машкио велеслалом.

Се вчитува...