Никола Јокиќ продолжува со неверојатните партии на стартот на новата сезона во НБА лигата. Србинот синоќа во победата на неговиот Денвер нагетс над Њу Орлеанс пеликанс 134-116 стигна до својот 108 трипл-дабл во сезоната (35 поени, 14 скокови и 12 асистенции). Кај Њу Орлеанс Џордан Хокинс заврши со 31 поен.
Oдлична вечер имаше и Џоел Ембид во победата на Филаделфија над Вашингтон 148-128. Ембид натпреварот го заврши со 48 поени, надополнети со 11 скока и девет асистенции. Кај поразените Kајл Кузма заврши со 28 поени.
Првиот пораз сезонава го доживеа Бостон Селтикс кој по продолженија загуби на гостувањето кај Минесота Тимбервулвс со 114-109. Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Индијана – Сан Антонио 152-111, Орландо – Далас 102-117, Детроит – Голден Стејт 109-120, Њујорк – ЛА Клиперс 111-97, Мајами – ЛА Лејкерс 108-107, Бруклин – Милвоки 125-129, Оклахома – Атланта 126-117, Хјустон – Сакраменто 122-97 и Чикаго – Јута 130-113.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА