Неверојатни сцени во Грац: Навивачите го запалија стадионот во чест на Ивица Осим (ВИДЕО)

Ивица Осим, легендата на босанскиот фудбал, но и австрискиот Штрум почина на 81. годишна возраст, а вчера во Грац беше одржана неверојатна комеморација. Имено, ковчегот на популарниот Шваба беше поставен на теренот на „Меркур Арена“ и сите имаа можност да се опростат од него, беа изведени песните „Има некој тајна врска“ и „Животот е море“, а и навивачите на Штрум грмеа од трибините.

Рефлекторите на стадионот беа запалени во 19:09, а комеморацијата траеше точно 81 минута во чест на легендата која го предводеше клубот од 1994 до 2002 година притоа освојувајќи две шампонски титули, три Куп трофеи и Суперкупови. Под водство на Осим кој запиша 383 натпревари со тимот од Грац, а притоа славеше во 207 од нив, тимот играше и во групната фаза во Лигата на Шампионите.

Се вчитува...