Неверојатниот Бензема го остави Реал Мадрид во игра за титулата во Ла лига (ВИДЕО)

Карим Бензема е херојот на Реал Мадрид откако со два гола му донесе триумф на својот тим против Елче од 2-1  во натпревар од 27. коло во шпанска Ла лига. Гостите изненадувачки поведоа со голот на Калво во 61. минута. Но, во последните 20. минути на сцена стапи Карим Бензема. Прво во 73. израмни на 1-1, за потоа во 91. да донесе злато вредни три бода за својот тим.

Реал Мадрид во моментов со 57 бода се наоѓа на 2. позиција на табелата во Ла лига, односно пет помалку од градскиот ривал Атлетико кој има и натпревар помалку.

 

 

 

 

 

Се вчитува...