Неверојатниот Дончиќ, незапирливиот Кари и несреќниот Харден (ВИДЕО)

Актуелниот НБА шампион, Голден Стејт, предводен од Стеф Кари се позиционираше на лидерското место во Запдната конференција откако забележа домашен триумф над Њу Ореланс од 147-140. ЗА Голден Стејт ова беше 31 победа, наспроти 14-те порази и со два триумфа повеќе му побегна на директниот конкурент за врвот Денвер. Стеф Кари постигна 41 поен, а Кевин Дурант 30 поени. Кај Њу Орлеанс имаше 30 поени и 18 скока.

Лука Дончиќ и покрај 25 поени беше немоќен само против Сан Антонио. Во тексашкото дерби Далас загуби со 105-101, но Дончиќ ја продолжи серијата натпревари со 25 плус поени, додје до петтиот последовен меч со надмината бројка од 25 поени со што е првиот дебитант по Стеф Кари во 2012 на кого му успеало ова, а е првиот тинејџер по Кармело Ентони со вакво постигнување.

Попусти беа неверојатните 58 поени на Џејмс Харден за Хјустон во дуелот со Бруклин. Неговиот тим, го загуби натпреварот, по продолжение со 145-142. Харден постигна 22 поени во третата четвртина во која Хјустон го направи пресвртот, имаше подобар влез во продолжението, но на крајот сепак се соочи со пораз. Хјустон имаше дури 70 обиди за тројка, реализираше 23.

Се вчитува...