Неверојатниот Хабиб го „заспа“ Гатје во втората рунда од борбата на годината!

Во спектаклот кој долго се чекаше, неверојатниот Хабиб Нурмагомедов тотално доминираше против Американецот Џастин Гатје одбранувајќи ја УФЦ-титулата во лесна категорија.

Феноменалниот Хабиб уште во втората рунда во борбата во Абу Даби со „триангл“ во партерот го „заспа“ Гатје за своја 29-та победа, од исто толку борби, во кариерата. Дагестанецот и натаму е без пораз.

Гатје го предизвика Нурмагомедов во една од најголемите борби во историјата, но не успеа против неверојатниот Дагестанец кој веднаш по победата објави и крај на кариерата.

За Хабиб ова беше прва борба во животот која ја одработи без присуство на својот татко кој почина од компликации по операцијата на срцето оваа година. Колку за Нурмагомедов значеше татковата поддршка може да се види по неговата реакција по победата. Веднаш се расплака и објави крај на кариерата.

Се вчитува...