Неверојатниот Харден ги реши шампионите: Тројка во последна секунда за триумф… (ВИДЕО)

Фантастичниот Џејмс Харден беше клучен во триумфот на Хјустон против Голден Стејт од 135-134 во еден од трите синоќешни натпревари во НБА лигата.

Вориорс ја имаа победата во рака. На една минута пред крајот на регуларниот дел од мечот имаа предност и од шест поени, но Хјустон на крилјата на Харден успеа да стигне до 119-119 и продолжение. А, во продолжението Џејмс Харден на една секунда пред крајот погоди шут за три поени за триумф од 135-134. На спротивната страна се обиде да возврати Кевин Дурант, но не успеа.

Џејмс Харден повторно стигна до „трипл-дабл“, сега од 44 поени, 15 асистенции и 10 скока. Одличен меч одигра и Клинт Капела кој постигна 29 поени а запиша и дури 21 скок.

На спротивната страна, Стеф Кари постигна 35 поени, додека Дурант и Клеј Томпсон постигнаа по 26 поени.

Сан Антонио запиша триумф над Торонто од 125-107. Ламаркус Олдриџ ги предводеше домашните со 23 поени, ДеМар ДеРозан против поранешниот тим имаше „трипл-дабл“ од 21 поен, 14 скока и 11 асистенции.

Денвер на гостински терен славеше против Сакраменто со 113-117. Серијата одлични игри ја продолжи Џамал Мареј кој постигна 36 поени, а одличен беше и Никола Јокиќ со 26 поени и 13 скока. На спротивната страна Бади Хилд постигна 29 поени.

Се вчитува...