Неверојатниот Златан – на 39 години урна рекорд на Милан

Фудбалерите на Милан во финишот на натпреварот успеаја да обезбедат бод во мечот од седмото коло против Верона (2-2), а бод на „росонерите“ им донесе Златан Ибрахимовиќ. Ибрахимовиќ во седми натпревар во низа беше стрелец во Серија А што досега на ниту еден во историјата на клубот не му успеало. Искусниот фудбалер успеа да го урне рекордот на Андриј Шевченко кој беше поставен во 2012 година.

Швеѓанецот серијата ја почна на 29. јули во мечот со Сампдорија кога беше двоен стрелец, а потоа погодуваше и против Калјари, Болоња, Интер, Рома, Удинезе и Верона. Во мечевите со Кротоне и Специја не беше дел од тимот поради коронавирус.

 

Се вчитува...