Неверојатниот Ирвинг, 44 поени на Харден и триумф на Вориорс ја одбележаа НБА вечерта… (ВИДЕО)

Кошаркарите на Бруклин запишаа нова победа на домашен терен против Њу Орлеанс со 135-125, доаѓајќи до третата победа во новата НБА сезона. За Њу Орлеанс ова беше, пак, шести пораз во седмиот натпревар.

Бруклин до новата победа ги водеше фантастичниот Кајри Ирвинг со 39 поени, 9 асистенции и три скока, а се истакна и ЛеВарт со 23 поени, седум скока и пет асистенции. Кај Њу Орлеанс не помогна ниту одличната партија на Брендон Инграм кој мечот го заврши со 40 поени.

Втора победа сезонава запиша и Голден Стејт триумфирајќи пред своите навивачи против Портланд со 127-118. Ерик Пашал беше најдобар со 34 поени и 13 скока, а кај Портланд се издвои Демијан Лилард со 39 поени.

Џејмс Харден со 44 поени, 10 скока и шест асистенции го водеше Хјустон до триумф против Мемфис од 107-100, а победа запиша и Феникс над Филаделфија со 114-109. Милвоки на гостински терен славеше против Минесота со 106-134.

Се вчитува...