Неверојатниот Лилард го одведе Портланд до полуфинале, Денвер има меч топка против Сан Антонио (ВИДЕО)

Со тројка на 0,4 секунди пред крајот и 50 поени, Демијан Лилард беше клучната алка во победата од 118-115 на Портланд над Оклахома во драматичниот петти натпревар од серијата од првото коло во Западната конференцја. Портланд ја добива првата рунда со 4-1 во победи и ќе го чека исходот од серијата меѓу Денвер и Сан Антонио во која „нагетс“ поведоа со 3-2 откако славеа во петтиот дуел со 108-90.

Оклахома на осум минути пред крајот имаше 15 поени разлика и изгледаше дека ќе успее да си го пролонгира престојот во разигувањето, но Си Џеј Мекалум и Морис Харклес го вратија Портланд во игра, а Лиларг ја запечати победата.

 

 

Серијата меѓу Денвер и Сан Антонио за шестиот натпревар се сели во Тексас. Денвер ќе се обиде на гостински терен да обезбеди пласман во полуфиналето, додека  „спарс“ пред своите навивачи ќе бараат трета победа и мајсторка во серијата од првото коло.

Во Источната конференција, Торонто со 4-1 во победи го мина Орландо во првото коло и обезбеди полуфинална серија против Филаделфија која со идентични 4-1 го доби воведното коло од разигрувањето против Бруклин, Во петтите напревари од сериите, Торонто го победи Орландо со 115-96, а Филаделфија славеше над Бруклин со 122-100.

 

Се вчитува...