Неверојатниот Ожие по девети пат светски шампион во Рели

Французинот Себастијан Ожие (Тојота) во Саудиска Арабија ја обезбеди рекордната деветта титула во светското рели првенство, израмнувајќи го рекордот на својот сонародник и истоименик Себастијан Лоеб, со тоа станувајќи најстариот шампион во овој спорт со 41 година.

Ожие го заврши WRC релито во Саудиска Арабија на третото место, а неговиот најголем конкурент, Велшанецот Елфин Еванс заврши само на шестото место. Еванс, кој се надеваше дека ќе стане првиот британски шампион по Ричард Бернс во 2001 година го започна релито со предност од три бода, освои пет бонус бода од последната Power етапа, но Ожие беше втор и со тоа со четири бодови предност стигна до титулата.

Лоеб ги освои своите девет последователни титули помеѓу 2004 и 2012 година со Цитроен, а Ожие освои шест титули по ред од 2013 до 2018 година, додавајќи уште две во 2020 и 2021 година. Тој ги освои титулите со три различни конструктори – Фолксваген, Форд и Тојота.

Се вчитува...