Неверојатниот Расел Вестбрук – втор во историјата со трипл дабл 20-20-20

Раел Вестбрук одигра меч за историја против ЛА Лејкерс, предводејќи го тимот на Оклахома Сити тандер до победа од 119-103.

Тој го заврши мечот со неверојатен трипл-дабл од 20 поени, 20 скокови и 21 асистенција, со што стана само втор кошаркар во историјата на НБА со вакви бројки при трипл-дабл остварување. Единствениот кому претходно му успеало вакво нешто е Вилт Чембрлен, кој натпреварот против Детроит во 1968 година го заврши со 22 поени, 25 скокови и 21 асистенција.

„Пресреќен сум. Благодарен сум на Бога што можам да ја играм играта што ја сакам и да се натпреварувам на високо ниво“ – истакна Вестбрук.

Се вчитува...