Неверојатниот шут со кој Каваи Ленард ја урна Филаделфија (ВИДЕО)

На 4,2 секунди до крај на седмиот решавачки натпревар, топката четирипати потскокнуваше и реши да мине низ мрежата. Целите тимови на Торонто и на Филаделфија го чекаат драматичното потскокнување на баскетот по шутот на Каваи Ленард за да биде познат победникот и патникот во Финалето на Источната конференција. 92-90 е конечниот исход кој го води Торонто на пресметка со Милвоки. Финалната серија почнува в среда на теренот на „бакс“.

Каваи Ленард со 41 поен и како првиот кој постигнал кош со звкот на сирената во мајсторка од НБА плеј-оф серија е херојот на канадскиот состав кој по три години повторно е во источното финале.

„Ова е неверојатно. Вакво нешто не ми се случило претходно – решавачки шут во седми натпревар. Благослов е да се дојде до можност за ваков шут и да се почувствува моментот. Ова е нешто на кое ќе се навраќам во кариерата“ – изјави Ленард по дуелот.

Се вчитува...