Неверојатниот Вестбрук повторно приредува чуда, Милвоки не застанува

Оклахома триумфираше против Јута со 112-104 во еден од синоќешните дуели во НБА лигата, повторно предводена од неверојатниот Расел Вестбрук кој запиша 33 поени, дополнети и со 14 асистенции и 11 скока.

Ова за Вестбрук беше 32-от „трипл-дабл“ сезонава и сега е на второто место зад Оскар Робертсон, кој го држи рекордот од 41 „трипл-дабл“ во сезона. Освен Вестбрук расположен кај домашните беше и Виктор Оладипо со 22 поени, додека на спротивната страна Ексум имаше исто така 22 поени.

Милвоки запиша, пак, и шестта едноподруго победа овој пат против Минесота со 102-95. Милвоки и натаму е осма на Истокот со скор од 32-33.

Во своите редови Милвоки имаше дури седум кошаркари со двоцифрен ефект, а предводеше Тони Шнел со 19 поени и шест скока. Најефикасен кај гостите беше Таунс со 35 поени и 14 скока.

ЛА Клиперс на свој терен славеа против Филаделфија со 112-100. Незапирлив во победничкиот тим беше Крис Пол со 30 поени и седум асистенции, а ДеАндре Џордан постигна 19 поени со извонредни плус 20 скока. Кај Филаделфија најдобар беше Холмс со 24 поени и 9 скока.

Се вчитува...