Неверојатно: Меси со топка, голманот на земја… и статива!

Кога Лионел Меси ќе тргне во продор во празен простор во противничкиот шеснаесетник, тоа речиси сигурно е гол. Кога ќе го надмудри и голманот, „казната“ е неизбежна, па токму затоа фановите на Барса се шокирани од неговото промашување во првото полувреме од мечот со Атлетик Билбао.

Аргентинецот се најде во зицер ситуација, успеа да го „легне“ и голманот, но кога сите ја видоа топката во мрежата тој го погоди само дирекот од голот на Атлетик.

Се вчитува...