НЕВЕРОЈАТНО: Пенал-серија за Гинис во Амстердам – Ајакс и Панатинаикос изведоа 34 пенали пред да биде одлучен победникот! (ВИДЕО)

Неверојатна пенал-серија од вкупно 34 изведени удари од белата точка го одлучи победникот на дуелот меѓу Ајакс и Панатинаикос во третото квалификациско коло од Лигата на Европа.

На дуелот во Амстердам, Панатинаикос славеше со 0-1 по регуларниот дел и по продолженијата, па со оглед на тоа што Ајакс, пак, триумфираше со истиот резултат на првиот меч во Атина, се продолжи кон изведувањето на пеналите.

А, во пенал-рулетот победникот се одлучи дури по 17 серии, или вкупно изведени 34 пенали. Фудбалерите на двата тима беа принудени да изведуваат по вторпат удар од белата точка. А, во последната 17-та серија кај Панатинакос промаши Вилхена, а Гаеи беше прецизен за Ајакс за пласман на холандскиот тим во плеј-офот од квалификациите за Лигата на Европа.

Белградски Партизан доживеа елиминација од Лигата на Европа, откако по продолженија ремизираше (2-2) на гостувањето против швајцарски Лугано. Во регуларниот дел од мечот Партизан дојде до предност од 1-2, што значеше анулирање на предноста на Лугано од првиот меч кога триумфираше во Белград со 0-1. Но, домашните, иако и со фудбалер помалку, во 111. минута дојдоа до 2-2 за пласман во плеј-офот.

Во квалификацискиот плеј-оф за Лигата на Европа се пласираа и шведски Елфсборг, и австриски Рапид, и Викторија Плзен од Чешка, белгиски Серкл Бриж, португалска Брага, Макаби Тел Авив од Израел…

Се вчитува...