Неверојатно – Шеснаесетгодишно момче е „хакерот“ кој го нападна Јанис

Првата ѕвезда на Милвоки Бакс и минатогодишен МВП на НБА лигата, Јанис Адетокумбо беше мета на хакерски напад на социјалните мрежи. Хакерот успеа да го хакира неговиот твитер налог, по што следуваа грозни твитови посветени за Коби Брајант, Стеф Кари, Леброн Џејмс…

Јанис се извини поради настанатата ситуација. Полицијата отвори истрага по која утврди дека позади нападите стои шеснаесетгодишно момче. Името му е Кристијан Боултон и веќе е покрената постапка против него.

За потсетување сезоната во НБА е прекината во март поради пандемијата од коронавирусот и се уште не се знае кога и дали ќе биде продолжена.

Се вчитува...