Црвена Звезда на шокантен начин остана без групната фаза од Лигата на Шампионите, со автогол што во последната минута го постигна Павков. Денеска се појави нова снимка од кобната акција за „црвено-белите“, по која е очигледно дека голем дел од вината оди на адреса на еден навивач на трибините на стадионот „Рајко Митиќ“.
Имено, по стартот на триесетина метри од голот на Црвена Звезда судијата Тејлор реши да даде предност бидејќи топката остана во посед на Макаби… тогаш навивачот реши да се направи паметен и од делот веднаш зад направениот прекршок свирна на свирче, збунувајќи го гостинскиот играч и на тој начин принудувајќи го Тејлор да ја промени својата одлука и да досуди прекршок.
Се останато е добро познато – гостите од триесетина метри нафрлија во шеснаесетникот, каде Павков со несмасна интервенција ја затресе сопствената мрежа…
Zvezda ostala bez LŠ zbog epske gluposti navijača? pic.twitter.com/lw1m9u2siG
— kojic_sportski (@KSportski) August 24, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА