НЕВЕРОЈАТНО: Вернер не даде гол од 20 сантиметри, од два обиди

Тимо Вернер е автор на најголемото промашување во досегашниот дел од Премиер-лигата, откако голгетерот на Челси се посрамоти од идеална позиција, не постигнувајќи гол од самот дваестина сантиметри од гол-линијата, и тоа од два обиди.

По корнерот од левата страна еден од играчите на Челси одлично биеше со глава, топката одеше кон долниот агол, но Вернер наместо да ја пушти реши самиот да ја внесе во мрежата. Не само што се посрамоти со тој потег, туку Германецот две секунди подоцна ја комплетираше пародијата откако од непосредна близина ја крена топката – удирајќи ја во гредата, по што се одби назад во полето.

Се вчитува...