Неверојатно враќање на Челси: Жиру и Азар за од 2-0 до 2-3 за само 8 минути!… (ВИДЕО)

Челси успеа да стигне до победа од 2-3 на гостувањето против Саутемптон во 33. коло од Премиер лигата, и тоа со неверојатен пресврт откако до 70. минута имаше негатива од 2-0.

Домашните до предноста од 2-0 стигнаа со погодоците на Тадиќ во 21. минута и Беднарек во 60. минута од средбата.

Челси успеа да намали преку Оливие Жиру во 70. минута, потоа Азар во 75. минута израмни на 2-2, а во 78 минута Жиру со својот втор гол на мечот ги постави конечните 2-3.

На тој начин, Челси по ремито и поразот во претходните два меча, повторно се врати на победите. Сега со 60 бода е на петтото место на табелата во Премиер.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...