Невиден хаос на куп натпревар во Германија (ВИДЕО)

По продолженијата, Кајзерслаутерн го елиминираше Манхајм во првото коло од германскиот Куп со 1-0. Натпреварот траеше три часа и 15 минути поради прекин предизвикан од нереди на трибините, а интервенираше дури и коњичката полиција.

Настана целосен хаос на трибините откако судијата го означи крајот на регуларните 90 минути, а фудбалерот на домашните Марлон Ритер влезе во конфликт со неколку играчи на Манхајм.

Потоа ситуацијата се пренесе на трибините, од каде што кон теренот почнаа да летаат разни предмети  вклучително и факели и скршени столчиња, а навивачите на Манхајм се обидоа да влезат на теренот.

Полицијата, па дури и коњицата, интервенираа (при што еден полицаец падна од коњот), а судијата веднаш ги испрати играчите од двете екипи во соблекувалните. Сепак, мечот продолжи, а домашните славеа по продолженија.

 

Се вчитува...