Најдобрата светска ракометарка Нора Морк ја очекува нова долга пауза од терените по повредата на коленото заработена на еден од натпреварите во дресот на Ѓер. Првичните третмани не вродија со плод, па веќе нема дилеми, Морк ќе мора повторно да замине „под нож“ по што нема да може да настапи на претстојното ЕП, но прашање е и дали воопшто ќе може да се врати до крајот на сезонава.
„Ова ќе ми биде вкупно осма операција во кариерата, но сега за првпат го имам чувството на тотална разочараност, губење на било каква надеж и мотивација. Едноставно, не знам што е следно, јас сум само обичена ракометарка која не може да игра ракомет“ – истакна Морк за норвешките медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА