Невиден масакр на рели-трка во Мексико, десет лица загинати (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Невиден досега масакр во светот на спортот се случи за време на рели-трката на теренски возила во Мексико.

Според извештаите од Јужна Америка, во масакрот загинале десет лица, а ранети се уште девет. Стравичниот напад се случил викендов на вториот дел од рели-трката во Сан Висенте, недалеку од Енсенада. Според информациите, одговорни за нападот се припадниците на локалниот нарко-картел. Неколку напаѓачи излегле од најмалку две сиви комбиња вооружени со пушки и отвориле оган врз насобраните учесници кои имале собир на бензинска пумпа.

По масакрот, напаѓачите побегнале од местото со своите возила.

Градоначалникот на Енсенада најави дека државниот обвинител ангажирал специјална работна група за да го истражи овој досега незапаметен случај.

Се вчитува...