Невиден натпревар во Манчестер се игра, а на осум минути до крајот од мечот е 4-3 за Сити. Манчестер имаше многу шанси да дојде и до 6-7 гола и веќе да слави пласман во полуфинале, но „кралевите“ некако успеваат да се вратат.
Фоден зголеми на 3-1 во 53. минута, а потоа Винициус веднаш намали на 3-2. Силва во 74. минута донесе 4-2 со прекраен гол, меѓутоа Бензема со паненка пенал во 82. минута ги врати „кралевите“ во живот.
И натаму Сити напаѓа, но ако вака помине Реал, тогаш за нив ќе биде одличен резултат со оглед на она што се случуваше на теренот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА