Невидена трагедија: Моторциклист загина на трка, по два дена од тага почина и неговата мајка

Холандскиот моторциклистот Виктор Стиман почина на 22 години откако падна на трка за време на ФИМ Суперспорт шампионатот во Португалија.

Стиман по падот во Португалија веднаш беше префрлен во болница, но поради тешките повреди почина по два дена.

„Ова е нешто од кое стравувате како родител на моторциклист, но ете се случи. Нашиот Виктор не успеа да победи во последната своја животна трка. Во овие тешки моменти на силна болка горди сме да кажеме дека нашиот херој, иако почина, спаси и пет човечки животи со донација на своите органи. Ужасно ќе ни недостасува“ – објавија од семејството на Стиман.

Но, за да биде трагедијата уште поголема. Само по два дена од неговата смрт не издржа и неговата мајка. По голема тага за својот син од срцев удар во својот дом во Холандија почина Флора Ван Лимбек, мајката на Виктор.

Се вчитува...