Невидено: Голман во Бундеслигата „закован“ на клупа поради клаузула

Голманот на Аугзбург Рафал Гикиевиц, вчера се најде на клупата за резерви на својот тим во дуелот против Штутгарт. Иако беше стандарден досега, Полјакот не се најде меѓу диреците, иако немаше пријавено никаква повреда.

„Билд“ открива дека Гикиевиц бил жртва на клаузула во договорот на својот тим. Во неговиот договр наводно стоело дека ако одигра 25 првенствени натпревари, договорот автоматски му се продолжува на уште две години. Досега чуварот на мрежата одигра 24 меча.

Проблематично е тоа што новиот договор ќе значи и повеќе пари за голманот, па Аугзбург веројатно не сака да го дозволи тоа и сака да го „откачи“ на крајот од сезоната.

35-годишниот Гикиевиц во минатото беше дел и од Унион Берлин и Фрајбург.

Се вчитува...