Невил: Се уште имам трауми од Германците…

Еден од најинтересните осминафинални натпревари на Европското првенство ќе биде одигран на „Вембли“ каде од 18 часот силите ќе си ги одмерат Англија и Германија. Овие две селекции негуваат долгогодишно ривалство во кое Германците имаат многу подобар учинок, но Англичаните ќе се обидат да го искористат домашниот терен за пласман во следната фаза.

Еден од оние кои во минатото има настапувано за „Гордиот Албион“ против Германија е и Гери Невил кој сега работи како коментатор на Скај Спортс, а пресрет на натпреварот ги поттикна неговите сонародници на победа и изјави дека се уште има трауми од Германците и натпреварот во 1996 година.

„Тогаш бев млад играч, имав само 21 година, но имам чувство дека сега се случува и дека моментите од мечот ќе се вратат. Се уште имам трауми. Она што би им го порачал на нашите играчи е да знаат дека имаат шанса која можеби и нема да се повтори. Сега имате шанса да играте против Германија на „Вембли“ пред 45 илјади навивачи и имате шанса да направите нешто огромно. Ова е многу важен момент за нашата држава“, вели Невил.

Се вчитува...