Неволја за Алегри: Кедира има срцеви проблеми

Непријатна вест за тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри. Германскиот интернационец Сами Кедира ќе биде надвор од конкуренција одреден период поради здравствени проблеми. Тој има аритмија на срцето и лекарскиот тим веднаш препорача строго мирување, но и дополнителни тестови за играчот на врска на „старата дама“.

Кедира нормално тренираше во изминатиот период, но на последноот тренинг имаше проблеми, по што е откриено дека се работи за неправилна работа на срцето. Германецот не отпатува со тимот на гостувањето во Мадрид во пресрет на утрешниот меч со Атлетико, а по деталните анализи ќе биде познато колку ќе мора да отсуствува.

Се вчитува...