Незаборавната ноќ од Дуизбург нека се повтори и во Скопје (ВИДЕО)

Македонската репрезентација вечерва од 20:45 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје ја пречекува моќната Германија во 8. коло од квалификациите за СП 2022.

Германците во Скопје доаѓаат по одмазда за оној шокантен, за нив, пораз од 31. март во Дуизбург.

Тогаш македонските репрезентативци славеа со 1-2 со головите на Пандев и на Елмас, приредувајќи вистинско изненадување во фудбалска Европа. Потсетувајќи се на случувањата од Дуизбург остануваат желбите за резултатско повторување на мартовската пресметка…

Се вчитува...