Незапирлив: Дончиќ погоди тројка „од паркинг“ – со звукот на сирената (видео)

Лука Дончиќ продолжува да импресионира во најсилната лига на светот, а синоќешниот дуел со Џејмс Харден и Хјустон беше само мотив повеќе за младиот Словенец.

Тој го заврши мечот со 20 поени, а потег на натпреварот дефинитивно беше тројката на крајот од првото полувреме, кога Дончиќ се крена на шут од речиси половина терен, и погоди со звукот на сирената. Како да е најискусен играч во лигата, а не 19-годишен дебитант.

 

Се вчитува...