Незапирливиот Харден и Лука Дончиќ за кој нема граници (ВИДЕО)

Џејмс Харден ја продолжи серијата од 23. натпревари на кои постигнува 35 или повеќе поени. Тој уфрли 40 коша, а имаше и 11 асистенции во победата на Хјустон над Орландо од 103-98. 29/20 е досегашниот ефект на Хјустон што е доволно за стабилно петто место во Западната конференција.

 

Во неа Оклахома му побегна на Портланд на два пораза помалку за трката за третата позиција откако ноќеска славеше над лидерот на Исток, Милвоки со 118-112. Пол Џорџ со 36 поени и 13 асистенции и Расел Вестбрук со новиот трипл дабл, 13 поени, 13 скока и 11 асистенции го предводеа тимот до 31. сезонска победа. Кај Милвоки стандардно, Јанис Адетокумбо беше најефикасен, постигна 27 поени, имаше и 18 скока.

 

И покрај поразот Милвоки останува на лидерската позиција во Источната конференција со две победи помалку, но и со два неуспеха помалку од главниот ривал Торонто кој исто така забележа победа. Славеше против Далас, тесно со 123-120. Попуст беше вториот сезонски трил-дабл за Лука Дончиќ од 35 поени, 12 скока и 10 асистенции бидејќи „репторс“ предвоени од Каваи Ленард кој постигна 33 поени, а имаше и 10 скока дојдоа до гостински триумф, 37. вкупно сезонава.


Во отсуство на Леброн Џејмс, Лонзо Бол и на Кајл Кузма, Ивица Зубац ја презеде одгворноста за Лос Анџелес Лејкерс и го предводеше тимот до победата од 116-102 над Феникс. Хрватот постигна 24 поени, имаше и 16 скока. Со ефект 26/24, Лејкерс и натаму се надвор од плеј-оф зоната.

Се вчитува...